Во најновите израелски напади во Либан повредени се 12 лица
Изворите посочија на напредување на израелските сили во периферијата на Аита ал-Шааб, придружено со напади од воени авиони
БЕЈРУТ (АА) - Во нов бран израелски напади во јужен Либан и предградијата на Бејрут и губернијата Планината Либан повредени се 11 лица, објави државната новинска агенција ННА, пренесува Анадолу.
Изворите посочија на напредување на израелските сили во периферијата на Аита ал-Шааб, придружено со напади од воени авиони.
Седум лица се повредени во израелски воздушен напад врз градот Шакра во округот Бинт Џбеил, додека четворица други се повредени во гранатирање на Шрифа.
Етиопјанка е ранета во воздушен напад врз стан во Арамун, на Планината Либан.
Во меѓувреме, израелските воени авиони ги нападнаа областите Ал-Кафаат и Хара Харик во Бејрут. Беа погодени и градовите Тајбех, Мајдал, Зибкин, Јатер, Кфар Каана, Аин Баал и Деир Кифа.
Министерството за здравство синоќа соопшти дека бројот на жртви од почетокот на израелските напади се искачил на 886, вклучувајќи 111 деца и 67 жени, а 2.141 лице се повредени.
Моменталната регионална ескалација започна по нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари. Израел подоцна ги прошири своите операции против Хезболах во Либан, и покрај прекинот на огнот што беше постигнат кон крајот на 2024 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
