Sayed Khodaiberdi Sadat
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
КАБУЛ (АА) - Во напад на талибанците во авганистанската покраина Забул загинаа шестмина полицајци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полициските официјални претставници потврдија дека талибанците ја нападнале полициската станица на подрачјето на Шахри Сафа.
Тие наведоа дека смртно настрадале шестмина полицајци.
Се додава дека милитантите се во бегство и дека зеле оружје и муниција од полициската станица.