Muhammed Sabry
15 Ноември 2023•Ажурирај: 16 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Најмалку четири лица загинаа кога израелските воени авиони денес нападнаа куќа покрај засолниште во северниот дел на Појасот Газа, соопшти Министерството за внатрешни работи во блокираната енклава, пренесува Анадолу.
Локалните медиуми објавија дека израелскиот напад бил насочен кон куќа источно од бегалскиот камп Џабалија.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во октомври.
Според последните податоци на палестинските власти, најмалку 11.320 Палестинци загинаа, меѓу кои околу 7.800 жени и деца, а повеќе од 29.200 биле повредени.
Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, беа оштетени или целосно уништени во израелската офанзива.