Satuk Buğra Kutlugün
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
БАКУ (АА) - Во напад на ерменските сили во спорниот регион Нагорно Карабах, синоќа се убиени двајца цивили од Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерменската војска отвори оган во селото Алханли, во областа Фузули, усмртувајќи двегодишно девојче и жена во средни години, додека едно лице е рането, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се наведува дека ерменската администрација е одговорна за крвавата провокација.
Нагорно Карабах е регион во Азербејџан кој од 6 јануари 1992 година прогласи незавизност. Поголемиот дел од населението се Ерменци кои сметаат дека регионот треба да биде дел од Ерменија. Регионот е под контрола на ерменската војска и сепаратистите од Ерменско-азербејџанската војна, која е завршена во 1994 година, а во неа загинаа 30.000 лица. Годините на преговори донесоа мал напредок во решавањето на спорот на поранешните членки на Советскиот Сојуз. Во последните 20 години сѐ почесто доаѓа до судири.
Во жестоките борби што избија во април минатата година, смртно настрадаа повеќе од 270 припадници на воениот персонал, што е најлош биланс од завршувњето на војната меѓу двете земји во 1994 година.