Elena Teslova
01 Март 2024•Ажурирај: 02 Март 2024
МОСКВА (АА) - Погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, почна денес во Москва, јавува Анадолу.
Стотици луѓе се собраа пред црквата во Москва за да му оддадат последна почит на рускиот опозициски политичар.
Погребот на Навални започна со верска церемонија на која присуствуваа мајката на Људмила и неговите поддржувачи.
Телото на Навални е донесено во црквата во затворен ковчег, а подоцна ќе биде пренесено на московските гробишта Борисов.
Москва вели дека на затворениот 47-годишник одеднаш му се слошило по прошетката во затворот, каде одлежуваше казна за „екстремистички активности“. Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Руската казнено-поправна служба соопшти дека Алексеј Навални починал на 16 февруари во затворската колонија каде ја издржуваше казната.
Службата наведе дека Навални изгубил свест по прошетката во арктичката автономна Јамало-Ненецка Област, каде што се наоѓа колонијата.
Руските власти извршија неколку инспекции за да ги утврдат фактите во врска со неговата смрт, а официјалната причина за смртта не е објавена.
Алексеј Навални беше уапсен во јануари 2021 година, по престојот во болница во Германија каде што се лекуваше од труење. Западните земји и самиот Навални ја обвинија Русија за труењето, што Кремљ го негира.
Тој беше осуден на 19 години затвор под обвинение за „екстремизам“ и други кривични дела. Тој веќе имаше одлежано 11,5 години поради обвинение за измама.