Lokman İlhan
08 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
БОГОТА (АА) - На 14. Меѓународен саем за автомобили кој се организира во Колумбија, изложени се автомобили, теренски возила, камионетки и мотоцикли на над 60 светски брендови, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот, кој се организира во Конгрес-центарот „Corferias“, во главниот град на оваа земја, Богота, ќе биде отворен за посетителите до 18 ноември.
На овој Саем, покрај новите модели на бројни брендови, исто така изложени се и старите верзии на некои автомобилски модели.
Покрај над илјада изложени возила со дизел, бензин и електричен мотор на различни брендови, изложени се и мотоцикли, како и 4x4 теренски возила.
Од „Corferias“ наведуваат дека очекуваат Саемот да го посетат над 200.000 посетители.
Според ова соопштение, автомобилскиот сектор во Латинска Америка забележа пораст од 7 отсто во првата половина на оваа година во споредба со истиот период минатата година.
Во ова соопштение се наведува дека во овој период продажбата во овој сектор во Еквадор забележа пораст од 56 отсто, во Бразил 14 отсто, во Чиле 20 отсто, и во Аргентина е забележан пораст од 11 отсто.