Fuat Kabakcı
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
ХОНГКОНГ (АА) – Во град во јужна Кина се истражува „мистериозната болест“ слична на САРС, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на кинеските медиуми, Националната здравствена комисија испратила екипа во градот Вухан, во јужната покраина Хубеј, за да испита непозната болест, слична на САРС.
Од една страна, здравствената екипа ја продолжува студијата за потврдување на болеста, а од друга страна Националната здравствена комисија соопшти дека 27 лица се заразени од болеста, што се опишува како „необјаснет случај“, и дека се лекуваат во болниците.
Комисијата истакна дека 7 од овие пациенти се во критична состојба, а дека другите наскоро ќе бидат пуштени дома.
Се проценува дека болеста е пренесена од морската храна од југот на земјата. Некои корисници на социјалните медиуми објавија дека се работи за болеста САРС.
- Истрага за 8 лица -
Хонконшкиот весник „Епл Дејли“ (Apple Daily) напиша дека е отворена истрага за 8 лица со образложение дека погрешно ја насочуваат јавноста тврдејќи дека се работи за болеста САРС.
Според податоците на Светската здравствена организација, кај повеќе од 8 илјади луѓе низ целиот свет е пронајден вирусот САРС, а 775 починале.
Во 2003 година, во Кина како резултат на вирусот САРС животот го загубиле 349, а во Хонгконг 299 луѓе.