Ayşe Doğru
02 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
АНКАРА
Во една болница во индиската држава Раџастан во декември починаа 100 бебиња, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, претставници на болницата „Кота“ во главниот град Џаипур информирале дека во последните два дена од декември починале 9 бебиња.
Директорот на болницата, д-р Суреш Дулара, истакна дека со последните смртни случаи на бебиња, бројот на смртни случаи во болницата во декември изнесува 100 бебиња.
Дулара како споредба го изнесе податокот дека во декември 2018 година, во болницата животот го загубиле 77 бебиња.
Делегација составена од членови на Индиската народна партија (BJP), која е на власт, претходниот ден извршила испитување на болницата, при што установиле дека во кревет за едно лице се сместени 2-3 бебиња, а недоволен бил и бројот на медицински сестри.
Националната комисија за заштита на правата на децата (NCPCR) информираше дека во дворот на болницата, во која на 23 и 24 декември починале 10 бебиња, шетале свињи.
Државното раководство издаде наредба за испитување на функционалниот статус на целата медицинска опрема во болницата.