Ali Cura
09 Декември 2019•Ажурирај: 09 Декември 2019
КИЕВ (AA) – Во Киев денес се одржани масовни протести во пресрет на самитот на лидерите на Нормандиската четворка кој утре ќе биде одржан во Париз, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите се одржаа под називот „Црвени линии" одржани се на Плоштадот на независноста во центарот на Киев, а илјадници собрани го предупредија актуелниот украински претседател Владимир Зеленски за кои теми не смее да прави отстапки во преговорите.
Собирот го организираа три опозициски политички партии и тоа партијата Европска солидарност, на поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко, потоа партијата Татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко и партијата Глас, на украинската рок ѕвезда Сватослав Вакарчук.
Во Париз утре ќе биде одржан самитот на лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија кои ја сочинуваат таканаречената Нормандиска четворка, основана со цел решавање на кризата на истокот на Украина. Ќе биде тоа првиот самит на Нормандиската четворка по тригодишната пауза.
Демонстрантите денес во Киев на Зелински му порачаа дека не смее да се откаже од Украина како унитарна држава, ниту да се откаже од борбата за враќање на илегално анексираниот Крим.
Протестите се одржани со силни безбедносни мерки и без поголеми инциденти.