свет

Во Керчeнскиот Теснец се запалија два брода, загинаа 10 лица

Руската Агенција за поморски и речен транспорт соопшти дека двата брода се запалиле откако еден од нив експлодирал додека го префрлал својот товар од течен гас на другиот брод

Elena Teslova  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
Во Керчeнскиот Теснец се запалија два брода, загинаа 10 лица АА/Арива

Moskva

МОСКВА (АА) - Најмалку 10 лица загинаа во пожарот што зафати два брода во Керченскиот Теснец, пренесува Anadolu Agency (AA).

Руската Агенција за поморски и речен транспорт соопшти дека двата брода се запалиле откако еден од нив експлодирал додека го префрлал својот товар од течен гас на другиот брод. 

Двата брода, на кои заедно имало вкупно 31 морнар во времето на несреќа, пловеле под знамето на Танзанија. 

Како што се наведува, многумина од морнарите скокнале во водата за да се спасат, а операцијата за спасување сѐ уште е во тек. 

Керченскиот теснец го поврзува Црното Море со Азовското Море.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın