АНКАРА (АА) - Источна Гута која се наоѓа под окупација на режимот на Башар Ал Асад, денеска е сцена на најголемата катастрофа од почетокот на граѓанската војна во Сирија. Околу 400.000 цивили, од кои половината се деца, 5 години се борат да преживеат во недостатокот на храна, лекови и се наоѓаат под интензивни напади. Во последниот месец дена зголемена е смртноста на бебињата, кои поради наведените проблеми, не успеваат да се изборат за живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Источна Гута се наоѓа само на 10 километри од центарот на Дамакс, којшто е под контрола на силите на режимот на Асад.

Силите на режимот во последните 8 месеци ја заострија блокадата, и околу 400.000 цивили, од кои половината се деца, ги преживуваат нејтешките моменти на граѓанската војна.
Стотици бебиња и деца ги губат своите животи во Источна Гута поради неухранетот и недостаток на лекови, а режимот продолжува, како цел на своите напади да ги зема училиштата и сиропиталишта.
На состанокот меѓу Турција, Русија и Иран во Астана кој се одржа на 3 и 4 мај, Источна Гута беше вброена меѓу зоните без судири, со цел да се намалат тензиите во подрачјето. Русија, која е гарант за режимот во Сирија, на 22 јули објави дека е започнато примирјето.
Но, режимот на Асад продолжи со своите копнени и воздушни напади, при што околу 400.000 цивили се наоѓаат под опсада на режимот.
До април оваа година, по илегални патишта, скриени тунели и со трговски возила, на некој начин се успеваше да се обезбеди влез на храна во Источна Гута, но од тој период навака, речиси е невозможно да се внесат храна и лекови во подрачјето. Таквата состојба, уште повеќе го отежна дневниот живот на населението.
Од 14 ноември досега во насилните напади животот го загубија повеќе од 150 цивили.
- Околината се претвори во гробишта на бебиња и деца
Стратегијата на режимот на „изгладнување” на околу 400.000 цивили кои се под опсада, најмногу ги погоди бебињата и децата.
Според податоците кои новинарот на АА ги доби од болницата Ихтисас сместена во руралните делови на Дамаск, од 2014 година досега, од прегладнетост починале 527 бебиња. Како последица на опсадата на подрачјето, од глад и недостаток на лекови во 2014 година животот го загубиле 15 бебиња, додека во 2017, за период од 10 месеци починаа 227 бебиња.
Според податоците на Фондот на Обединети нации за помош на деца (УНИЦЕФ), продолжува тенденцијата на зголемување на смртноста кај бебињата, додавајќи дека таа во моментов е на највисоко ниво од почетокот на граѓанската војна во Сирија. УНИЦЕФ на 10 декември објави дека 137 деца на возраст од 7 до 17 години, потребно е под итно да бидат евакуирани од поддрачјето за да им биде овозможено лекување.
АА на на неколкупати прикажа случаи на бебиња и деца на кои им се гледаат сите коски, но тие немаа друго решени, освен нечујно да ја исчекуваат смртта.
Меѓу нив се наоѓа и Раван кој иако има 8 години, тежи само 8 килограми. Незаборавни се кадрите на смртта на едномесечното бебе Сехер кое лежи во прегратката на мртвата мајка и бебето Керим кое го загуби едното око поради повредета на левата страна на главата.
Минатиот месец се затворени и училиштата, кои за децата кои живеат меѓу урнатините, во страв од бомбардирањата, беа единствената надеж за нивната иднина.
- Храната која тешко може да се пронајде е екстремно скапа
Новинарот на АА во Источна Гута зборуваше со родителите, кои изјавија дека нивните деца, во некои денови остануваат гладни и по 24 часа, а во најдобар случај, со половина оброк кој го сочинува само леб, го минуваат целиот ден.
Храната која се наоѓа во мали количества е многу скапа. Една чаша млеко, како дел од бебешката храна, во подрачјето сепродава за 1.000 сириски фунти (1,7 евра).
Килограм ориз чини 2.900 сириски фунти (4,8 евра), додека килограм шеќер чини 2.450 сириски фунти (4 евра).
- Болните се препуштени на судбината
Поради тоа што силите на режимот ги напаѓаат болниците, здравствените центри и магацини за лекови, а во исто времено не е дозволена испорака на нови количества лекарства, болните се препуштени на сопствената судбина.
ОН на 11 ноември упати повик, со кој се бара 435 пациенти кои се заглавени во Источна Гута, под итно да бидат евакуирани.
Според податоците кои новинарот на АА ги доби од единствениот центар за хемотерапија во Источна Гута, потребно е итна евакуација на 559 пациенти кои боледуваат од рак.