Ekipa
14 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ДУХОК (АА) – Во ирачката покраина Духок се случија судири меѓу Пешмерга и ПКК, во кои повредени се 3 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на АА, добиени од извори во регионот, судирите настанале кога терористите на ПКК сакале без дозвола да поминат низ контролниот пункт на Пешмерга, во областа Амеди во Духок.
Истите извори наведуваат дека отворен е оган врз возилото на ПКК, кое не го послушало предупредувањето на Пешмергите да застане и како резултат на тоа сериозно повредени се тројца терористи.