Ekipa
14 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер, Борис Џонсон, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, вчера издадоа заедничко соопштение во кое се вели дека се согласиле да ги продолжат преговорите за Брегзит, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Имавме корисен телефонски разговор ова утро. Дискутиравме за големи нерешени теми“, се вели во соопштението.
„Нашите преговарачки тимови работат деноноќно во текот на изминатите денови. И покрај исцрпеноста по речиси една година преговори, и покрај фактот што крајните рокови беа пропуштани одново и одново, ние мислиме дека е одговорно во овој момент да се надмине дополнителната милја“, пишува во соопштението.
„Соодветно им дадовме мандат на нашите преговарачи да ги продолжат разговорите и да видат дали може да се постигне договор дури и во оваа доцна фаза“, додаде тој.
Џонсон ги повика министрите на неговиот кабинет на состанок за да им ги соопшти најновите информации.
Тој претходно изјави дека недела е последниот рок за постигнување на трговскиот договор со ЕУ, со што се зголемија шпекулациите дека процесот ќе заврши со Брегзит без договор.
Не е утврден нов рок, но периодот за транзиција на Обединетото Кралство надвор од ЕУ завршува на 31 декември оваа година, до кој остануваат само 18 дена.