свет

Во Индија се сруши воен хеликоптер: Загинаа двајца војници

- Воениот хеликоптер за време на лет се срушил во шумска зона во Удхампур.

Emel Öz  | 21.09.2021 - Обновена : 22.09.2021
Во Индија се сруши воен хеликоптер: Загинаа двајца војници

СРИНАГАР

Двајца војници загинаа како резултат на рушење на воен хеликоптер во индиската зона Џаму и Кашмир, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди индиската Војска.

Се истакнува дека воениот хеликоптер за време на лет се срушил во шумска зона во Удхампур.

Според соопштеното, двајцата војници што се наоѓале во хеликоптерот се здобиле со тешки повреди, по што биле пренесени во болница.

Се нагласува дека и покрај сета интервенција, војниците не успеале да преживеат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.