Esat Fırat
28 Август 2024•Ажурирај: 29 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерство за здравство на Палестина во Газа објави информации за нападите на Израел врз Појасот Газа во текот на изминатите 327 дена, известува Анадолу.
Израелската армија изврши 4 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, во кои се убиени 58 Палестинци, а 131 се повредени.
Бројката на убиени Палестинци израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега се зголеми на 40.534, додека бројот на повредени изнесува 93.778.
Во соопштението се наведува дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но дека медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не се во можност да стигнат до телата поради препреките на израелските сили.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред градот да биде нападнат на 6 мај.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.