Nur Asena Ertürk
28 Август 2024•Ажурирај: 30 Август 2024
АНКАРА (АА) - На барање на Украина денес ќе се одржи состанок на Советот НАТО-Украина, јавува Анадолу.
„Средбата ќе се одржи на амбасадорско ниво“, информираше портпаролката на НАТО, Фарах Даклала.
Таа рече дека украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, исто така, се очекува да ги информира сојузничките држави преку видео-конференција за „ситуацијата на бојното поле и приоритетните потреби за капацитети“.
Портпаролката додаде дека состанокот е одржан по неодамнешните бранови на тешки руски напади врз украинските цивили и инфраструктурата.
Даклала ја повтори посветеноста на НАТО за „понатамошно зајакнување на одбраната на Украина“.
Украина отворено ја изрази својата желба да се приклучи на НАТО алијансата.
Иако не понуди да ја прими Украина во алијансата, НАТО ги зајакна врските со Киев од почетокот на војната што Русија ја започна во февруари 2022 година.