Muhammed Emin Canik
23 Мај 2024•Ажурирај: 24 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Во новите израелски напади на северот и југот на Појасот Газа загинаа 17 Палестинци, меѓу кои најмалку десетина деца, јавува Анадолу.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската војска извршила напади врз две куќи во градовите Газа и Рафа.
Во бомбардирањето на куќа во населбата Ал Дереџ, во центарот на градот Газа, загинаа 16 Палестинци, меѓу кои најмалку десет деца. Голем број Палестинци се ранети.
Во Рафа, во нападот на куќата на семејството Ал Шаир загина еден Палестинец.
Прекршувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври минатата година загинаа најмалку 35.709 Палестинци. Меѓу загинатите има најмалку 15.103 деца и 9.849 жени.