Nour Mahd Ali Abu Aisha,Muhammed Semiz
28 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ГАЗА (АА) - Палестинското Министерство за образование соопшти дека 187 образовни установи од кои 55 градинки, се оштетени во 11-дневните напади на Израел врз окупираниот Појас Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ахмед ен-Неџар, директор на Секторот за меѓународни односи и соработка на Министерството, во изјавата за АА даде информации за учениците кои ги загубија своите животи во израелските напади врз Газа и за бројот на оштетените училишта.
Неџар, истакнувајќи дека Министерството документирало дека 77 ученици загинале во нападите на Израел врз Газа, рече дека тоа се ученици од основно до високо образование.
Соопштувајќи дека 55 детски градинки и 132 основни училишта се оштетени во израелските напади, рече дека степенот на уништување е огромен.
Понатаму Неџар наведе дека Израел бомбардирал училишта кои се далеку од полициските објекти и палестинските групи на отпорот, при што нагласи дека и на повредените ученици им е потребна психолошка поддршка.
Тој потенцираше дека процесот на обнова на училиштата е релативно возможна и дека надминувањето на психолошките последици предизвикани кај учениците поради израелското бомбардирање оди тешко.
Израел и Хамас, со посредство на Египет, на 21 мај договорија прекин на огнот, со што се стави крај на израелските напади врз Газа што започнаа на 10 мај.
Во израелските напади врз Појасот Газа досега загинаа 254 Палестинци, од кои 66 деца и 39 жени, а повредени се 1.948 лица.