Gökhan Varan
28 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Американската заменик-државна секретарка, Венди Шерман, денес ја пофали Турција за нејзината континуирана помош и поддршка за бегалците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Опишувајќи ја својата средба со заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Седат Онал, како продуктивна во Анкара, Шерман на Твитер напиша: „Ја цениме континуираната поддршка на Турција за над 4 милиони бегалци.“
Таа додаде дека на средбата се разговараше и за важноста на човековите права, демократијата и владеењето на правото, како и за Авганистан, Сирија и регионалните прашања.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека вчерашните разговори меѓу двете страни биле фокусирани на стратешката природа на односите помеѓу Анкара и Вашингтон.
Министерството за надворешни работи на Твитер објави дека Онал и Шерман ја потврдиле стратешката природа на односите меѓу Турција и САД, размениле мислења за регионалните прашања и ја нагласиле важноста на борбата против тероризмот.