Ethem Emre Özcan
28 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Лидерот на сирискиот режим, Башар ал Асад, е прогласен за победник на претседателските избори, одржани вчера со нефункционални кандидати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите од изборите ги објави режимската новинска агенција САНА.
Според САНА, портпаролот на Парламентот на режимот, Хамуда Сабаг, за медиумите објавил дека Асад победил со 95,1 % од гласовите.
Тој тврди дека одѕивот на гласачите бил околу 78 отсто, додека повеќе од половина од населението во земјата не може да отиде на гласачките места.
Наведувајќи дека Асад добил 13,5 милиони гласови, Сабах рече дека Махмуд Ахмад Мареи, еден од кандидатите добил 3,3 отсто или 470.276 гласови.
Асад е победник на сите избори откако ја презеде власта во земјата во 2000 година, како наследник на неговиот татко Хафез ал Асад.
Одлуката за одржување избори беше донесена и покрај тековниот воен конфликт, недостигот на политичко решение, неуспехот во преговорите меѓу опозицијата и режимот и раселувањето на повеќе од 10 милиони Сиријци како бегалци или како внатрешно раселени лица.
Освен тоа, околу 40 отсто од земјата не е под контрола на режимот.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.