Ekrem Biçeroğlu
27 Декември 2023•Ажурирај: 28 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за здравство во Газа соопшти дека од 7 октомври во израелските напади врз Појасот Газа загинале 21.110 Палестинци, јавува Анадолу.
Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал Кудра, наведе дека израелските сили во последните 24 часа во Појасот Газа убиле уште 195 Палестинци.
Тој потврди дека од 7 октомври досега во израелските напади се убиени 21.110 Палестинци. Бројот на повредени достигна 55.243.
Израелските воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври ја оставија енклавата во урнатини, со половина од станбените единици оштетени или уништени, со околу два милиона жители раселени низ густо населената територија и со недостиг на храна и чиста вода.