Ikrame Imane Kouachi
29 Септември 2024•Ажурирај: 30 Септември 2024
БЕЈРУТ (АА) - Цело седумнаесетчлено семејство е убиено во израелски воздушен напад денес во долината Бека во источен Либан, пренесува Анадолу.
Во тек се активностите за потрага по преживеани од нападот кој го таргетираше градот Збуд, објави државната новинска агенција ННА.
Израелската армија започна напади врз Либан од 23 септември, во кои загинаа најмалку 816 луѓе, а повредени се над 2.500, соопшти либанското Министерство за здравство.
Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која загинаа речиси 41.600 луѓе, главно жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас минатиот 7 октомври.
Меѓународната заедница предупреди дека израелските напади во Либан би можеле да го ескалираат тековниот конфликт во Газа во поширока регионална војна.