Mehmet Alaca
01 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Во средноамериканската земја Ел Салвадор се запленети 4,1 тон кокаин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, соопшти дека запленетиот кокаин е во вредност од околу 104 милиони долари.
Се истакнува дека 5 граѓани на Колумбија и 2 граѓани на Еквадор се приведени во врска со случајот.
Инаку, наркотиците што се наменети за американскиот пазар првин преку воздушен или поморски пат пристигнуваат во Средна Америка, а потоа во Мексико.