Sinan Doğan
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
БОГОТА (АА) - Во централноамериканската држава Панама запленети се повеќе од 3 тони кокаин во контејнери кои требало да бидат пренесени во Европа и Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според регионалните медиуми, безбедносните сили на Панама заплениле пакети со дрога скриени во два контејнера на влезот на Панамскиот Канал во пристаниште во покраината Колон.
Властите истакнаа дека безбедносните сили заплениле повеќе од 3 тони кокаин, кој требало да биде пренесен во Европа и Африка.
Започната е голема истрага во врска со запленувањето.
Во Панама, која се користи како транзитна земја за дрогата, од почетокот на годината во претреси се запленети 98,6 тони дрога, минатата година оваа бројка изнесуваше 84,87 тони.