Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
30 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АЗАЗ (АА) – Едно дете го загуби животот во експлозија на мина поставена од терористичката организација ЈПГ/ПКК во областа Маре во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Едно од децата што заминале да пасат животни во областа Маре, на северот на земјата, нагазило на мина.
Детето почина при експлозија на мина во селото Иснибал, кое се наоѓа на фронтот помеѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и Сириската национална војска.
Иако Сириската национална војска врши пребарување, поставените мини предизвикуваат штета на цивилите.
Во областа Баб, вчера беа повредени две деца како резултат на поставените мини од терористичката организација ДЕАШ.