Dmitri Chirciu
22 Октомври 2021•Ажурирај: 24 Октомври 2021
МОСКВА (АА) - Во експлозија и пожар во фабрика за барут во Русија денеска загинаа најмалку 16 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека експлозијата се случила во фабриката „Еластик“ во регионот Рјазан, околу 270 километри југоисточно од Москва.
Сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата, а во фабриката во моментот на експлозијата се наоѓале 17 лица. Локалните официјални претставници рекоа дека едно лице е хоспитализирано со тешки повреди.
Министерството претходно соопшти дека во гаснењето на пожарот учествувале 170 пожарникари со 50 возила. Можни причини за експлозијата се прекршување на безбедносните процедури или краток спој.