Furkan Güldemir
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
БЕЈРУТ (АА) - Во експлозија на возило во Сидон, јужно од Либан, беше рането едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дознава дека експлозијата се случила во возило кое било сопственост на Мохамед Хамдан, за кој се тврди дека е член на Хамас.
Експлозивната направа монтирана на возилото била активирана кога Хамдан ја отворил вратата.
Хамдан е пренесен во болница, а на местото на настанот се преземени високи безбедносни мерки.
Зијад Хасан, член на Хамас во Либан, вели дека ранетиот Мохамед Хамдан не бил член на Хамас