свет

Во Египет започна проширената сесија на преговорите за прекин на огнот во Газа

Покрај специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, на списокот на учесници се и шефот на турската разузнавачка служба Ибрахим Калин, премиерот на Катар, шеикот Мухамед бин Абдулрахман...

Rania R.a. Abushamala  | 08.10.2025 - Обновена : 08.10.2025
Во Египет започна проширената сесија на преговорите за прекин на огнот во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Во египетскиот туристички град Шарм ел Шеик на Црвеното Море денес започна проширената сесија на преговорите за прекин на огнот во Газа, со цел да се постигне договор за прекин на израелската војна врз енклавата според планот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопштија египетските медиуми, пренесува Анадолу.

Според државниот канал „Ал-Кахера њуз“, покрај специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, на списокот на учесници се и шефот на турската разузнавачка служба Ибрахим Калин, премиерот на Катар, шеикот Мухамед бин Абдулрахман, шефот на египетската разузнавачка служба Хасан Рашад и израелскиот министер за стратешки прашања, Рон Дермер.

Хамас и Израел од понеделникот одржуваат индиректни преговори во Египет, во обид да постигнат договор за прекин на двегодишните израелски напади врз Газа.

На 29 септември Трамп претстави план од 20 точки, кој вклучува ослободување на сите израелски заробеници во замена за палестинските затвореници, прекин на огнот, разоружување на палестинската група Хамас и обнова на Газа.

Од октомври 2023 година израелската војска уби над 67.100 Палестинци во Газа, повеќето жени и деца.

Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата несоодветна за живеење и доведе до масовно раселување, глад и ширење на болести.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.