Mehmet Yılmaz
05 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Во коритото на реката Дунав во унгарскиот главен град Будимпешта пронајдена бомба од Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави полицијата на Будумпешта, се вели дека се работи околу извлекувањето на бомбата од реката.

Во рамките на работите околу обезбедувањето, испразнети се околните згради и работни простории. Најфреквентниот мост на Дунав Ержбет е затворен за сообраќај, а во подрачјето не е дозволен премин на бродови.

Бомбата е отриена за време на извлекување на едно возило кое паднало во реката Дунав.