свет

Во Грција воведени бројни ограничувања на протестите

Со новиот закон грчките власти можат да забранат демонстрации на кои би можело да дојде до насилство

Ayhan Mehmet  | 10.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
Во Грција воведени бројни ограничувања на протестите

АТИНА

Со мнозинство гласови во Парламентот на Грција усвоен е Нацрт-закон со кој се воведуваат бројни ограничувања на протестите во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со новиот закон грчките власти можат да забранат демонстрации на кои би можело да дојде до насилство.

Исто така, граѓаните кои ќе учествуваат на забранети протести ќе бидат казнети на една година, а оние кои се вмешани во насилство, на две години затвор.

Освен тоа, времето на почетокот и завршување на протестот и протестната прошетка ќе мора преку електронска платформа однапред да биде пријавено во полиција.

На полицијата не е потребно однапред да се најават протестите кои се организираат по повод 1 Мај, Меѓународниот празник на трудот и годишнината на Студентското востание на 17 ноември.

Организацијата „Амнести интернешнал“ (Amnesty International) новиот закон го опиша како „мешање во правото на учество на мирни демонстрации“.

Во текот на демонстрациите против Нацрт-законот во Атина и Солун дојде до судири помеѓу различни групи и припадници на полицијата.

На демонстрациите во Атина, на плоштадот „Синтагма“, каде што се наоѓа и зградата на Парламентот, учествуваа илјадници луѓе, а група маскирани лица фрлаа Молотови коктели на полицијата. Полицијата користеше солзавец и топовски удар за да ги растера маскираните групи.

Во текот на инцидентот приведени се 15 лица, од кои 9 се упатени на суд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın