свет

Властите на САД одобрија продажба на 105 авиони „Ф-35“ на Јапонија

Станува збор за пакет вреден 23,11 милијарди долари, а Конгресот има рок од 30 дена да вложи евентуален приговор и да ја блокира таа продажба

Kasım İleri  | 10.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Властите на САД одобрија продажба на 105 авиони „Ф-35“ на Јапонија

ВАШИНГТОН

Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) одобри продажба на 105 авиони „Ф-35“ на Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Американската агенција за безбедносна соработка соопшти дека Стејт департментот дал зелено светло на властите на Јапонија да им се продадат 105 борбени авиони и придружна опрема во вкупна вредност од 23,11 милијарди долари.

Во соопштението се наведува дека станува збор за пакет од 63 конвенционални модели „Ф-35А“ и 42 модели „Ф-35Б“.

Доколку се реализира таа трансакција, тоа ќе биде најголемата продажба која САД ја остварија по 2010 година кога на Саудиска Арабија ѝ продале воена опрема во вредност од рекордни 29 милијарди долари.

Американскиот Конгрес има 30 дена рок да вложи жалба и да ја блокира планираната продажба на авионот на Јапонија.

Паралелено со тоа, Министерството за надворешни работи на САД даде зелено светло и за продажба на воената опрема за потребите на тајванската Влада за поправка и одржување на противвоздушните системи „Патриот“. Се работи за зделка вредна 620 милиони долари.

Одобрена е и продажба на воена опрема на Германија во износ од 130 милиони долари и продажба на Белгија во вредност од 33 милиони долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın