Mesut Zeyrek
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
КЕЛН (АА) - Во Келн започна најголемиот саем на слатки и бисквити во светот. Над 1.500 фирми од 70 земји ги претставуваат своите производи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саемот, кој се одржува на површина од 120.000 квадратни метри, продолжува со традицијата на изложување и претставување на слатките за сите љубители.
На саемот, на кој се изложени слаткарски производи, бисквити, грицки, чоколади и вафли, оваа година особено до израз доаѓаат веганските и халал-производите. Саемот трае до 5 февруари.
Германците се рекордери во извоз на чоколади. Нивната индустрија за чоколади годишно произведува 782.000 тони во вредност од 3,7 милијарди евра.