Adam Abu-bashal
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
АБУЏА
Во подрачјето на Килиманџаро во африканската држава Танзанија, за време на одржување на верски фестивал, пред една црква настанало човечко стампедо во кое животот го загубија 20 лица, а 40 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кипи Вариоба, комесарот на подрачјето Килиманџаро, за АА изјави дека во моментот кога попот го користел „светото масло“ за време на одржувањето на верскиот фестивал организиран пред Пентекосталната црква во градот Моши, настанало човечко стампедо.
Комесарот Вариоба информира дека во настанот животот го загубиле 20 лица, од кои 3 деца и 16 жени, а приближно 40 лица се повредени.
Тој рече дека повредените се префрлени во локалните болници, а во врска со настанот се приведени 7 лица.
Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули, им изрази сочувство на семејствата на починатите, а на повредените им посака што поскоро заздравување, порачувајќи дека е потребна поголема внимателност на вакви големи настани.