Tufan Aktaş
21 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
КАМПАЛА (АА) - Во Танзанија дојде до тешка бродска несреќа при потонувањето на патнички ферибот во езерото Викторија. Во оваа несреќа животот го загубија 79 патници од бродот, јавува Anadolu Agency (AA).
Комесарот на подрачјето Мванза, Џон Монгела, соопшти дека во бродската несреќа што се случила синоќа, животот го загубиле 79 лица, а 33 се спасени.
Истакнувајќи ја загриженоста дека е можно зголемување на бројот на загинати во несреќата, Монгела изјави: „Не можам да кажам ништо во врска со можната бројка на патници што се наоѓале на фериботот. Во моментов сме фокусирани на спасувачката мисија“.
Бродовите што се користат за трансфер на стотици патници во Танзанија се многу запоставени и често се причина за големи катастрофи.
Повеќе од 800 лица ги загубија своите животи при потонувањето на ферибот во езерото Викторија 1996 година, додека во несреќата што се случи во близина на Занзибар загинаа околу 200 лица.