Halit Süleyman, Ayşe Aktaş
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
ДАМАСК (АА) – Во бомбардирањата врз регионите во Сирија што се под контрола на опозициските сили, животот го загубија 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од теренската болница и претставниците на цивилната одбрана, армиски воени авиони бомбардирале населени места во Идлиб, Алепо и во Дамаск.
Во нападите во подрачјето на Источна Гута, животот го загубија 8 цивили, меѓу кои жени и деца во областите Замалка, Арбин, Кафр Батна и Сакба, додека пак на северозападниот дел од државата, во месноста Џарџаназ, загинаа 5 цивили.
Надлежните органи јавија дека покрај човечките жртви, причинета е и голема материјална штета, при што се срушени десетици згради, а екипите на цивилната заштита се обидуваат да стигнат до настраданите под урнатините.
Од друга страна, екипите на цивилната заштита продолжуваат со расчистувањето на урнатинит, во местото Фирдевс, во Алепо, кое беше цел на бормбардирањата на руските воени авиони утринава.
Во нападот со пробивна граната во Фирдевс, животот го загубија 15 лица, многумина се ранети, а најмалку 10 лица беа заглавени под урнатините.
Различни места во Алепо вчера беа бомбардирани со повеќе од 30 пробивни гранати. Во воздушните напади животот го загубија 43 лица, а 80 се повредени.
Пробивните гранати што ги користат руските воени авиони се познати и како ’ловци на бункери’. Високодеструктивните ’ловци на бункери’, кои имаат сличен ефект со земјотрес, можат да продрат на 5 -7 метри длабочина, доколку се насочат кон земјата.