Lokman İlhan
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
БОГОТА (АА) - Спасувачките екипи ги извлекоа телата на седум загинати лица, а се во потрага по уште двајца исчезнати по вчерашното потонување на туристички брод во езерото во колумбискиот град Гуатапе, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилната одбрана на Колумбија (UNGRD) соопшти дека телата на петмина загинати им се предадени на ужалените семејства, а во тек е обдукцијата на останатите две жртви.
Од УНГРД официјално e потврдено дека за време на бродоломот, на бродот се наоѓале 167 лица. Повеќето од нив се спасени со брзата реакција со мали чамци, кои пристигнаа веднаш откако бродот почна да тоне.
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, претходно изјави дека за случајот ќе биде спроведена обемна истрага, но сегашен приоритет е потрагата по исчезнатите лица.