Yusuf Hatip,Ata Ufuk Şeker
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) – Во главниот град на Белгија, Брисел, околу 10 илјади луѓе протестираа против климатските политики на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).
На тематските протести „Белгијо, стани на нозе заради климата“, организирани од страна на различни граѓански организации и здруженија, кои започнаа пред северниот дел на железничката станица, учествуваа илјадници демонстранти.
Демонстрантите, со користење на главните патишта и со минување покрај институциите на Европската Унија (ЕУ), пешачеа неколку километри до паркот „50-тите години“. Во паркот, во делот насловен „село за решение“ беа споделени информации за животната средина и климата.
Демонстрантите, извикувајќи слогани и плакати со натписи како што се „Економијата не треба да ја загрозува животната средина“, „Друга планета немаме“, „Чувајте го светот чист“, бараа белгиската Влада да даде приоритет на политиките за борба против глобалното затоплување и климатските промени.
Демонстрантите, исто така го критикуваа неусвојувањето на предлог-законите подготвени за климатските услови од страна на Парламентот. Тие, исто така побараа намалување на потрошувачката на фосилните горива и намалување на емисиите на стакленички гасови.
На протестот во Брисел, Белгија, исто така, учествуваа познати музичари и актери.
- Полициска интервенција врз „Жолтите елеци“
Групата од „Жолтите елеци“, кои присуствуваа на протестот, беа запрени од страна на полицијата на дел од улицата „Арт-лоа“.
Полицијата интервенираше врз „Жолтите елеци“, кои ги оштетија околните згради, а некои од нив беа притворени.
Поради протестите полицијата обезбеди опсежни безбедносни мерки, особено на улиците кои водат кон европските институции, и воспостави контролни пунктови.
Врз демонстрантите постојано летаа полициски хеликоптери, а блиску до институциите на ЕУ беа распоредени полициски оклопни возила.
Од друга страна, демонстрантите за климатските услови, се одвојуваа од „Жолтите елеци“ и шетаа во мали групи за да покажат дека демонстрациите се мирни.