Sayed Khodaberdi Sadat
14 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
КАБУЛ (АА) - Во атентат на северниот дел на Авганистан се убиени државниот обвинител Абдел Мумин и неговиот помлад брат, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот комесар на покраината Гор, Вахидула Низами, соопшти дека браќата биле убиени во оружен напад во центарот на градот Фироз Кох.
Тој изјави дека уште три лица се ранети и дека напаѓачите побегнале од местото на настанот.
Истрагата за атентатот е во тек, а досега никој не презеде одговорност за нападот.