свет

Вишиот суд на Британија му даде право на основачот на Викиликс да поднесе жалба на неговата екстрадиција во САД

Во делумна победа на Асанж, Вишиот суд на Велика Британија одлучи против негова итна екстрадиција во САД, каде што се бара поради обвинение за шпионажа.

Aysu Biçer  | 26.03.2024 - Обновена : 27.03.2024
Вишиот суд на Британија му даде право на основачот на Викиликс да поднесе жалба на неговата екстрадиција во САД

ЛОНДОН (АА) – Пресудата на Вишиот суд на Велика Британија донесена денес му даде право на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да поднесе жалба на неговата екстрадиција во Соединетите Американски Држави (САД) и одреди нов датум за сослушување за случајот во мај, пренесува Анадолу.

Во делумна победа на Асанж, Вишиот суд на Велика Британија одлучи против негова итна екстрадиција во САД, каде што се бара поради обвинение за шпионажа.

Судиите рекоа дека Асанж може да поднесе нова жалба освен доколку американските власти не обезбедат дополнителни гаранции за негов третман.

Судењето е одложено за 20 мај.

- Што се случи?

Асанж, кој е во притвор во Велика Британија од 2019 година, се соочува со екстрадиција поради обвиненијата за објавување доверливи воени документи во 2010 и 2011 година.

Вишиот суд на Велика Британија, во клучната пресуда од 2021 година, донесе одлука дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата за неговата кревка ментална состојба и ризиците со кои би можел да се соочи во американска поправна установа.

По тужбата, Врховниот суд во 2022 година ја потврди одлуката, а тогашната министерка за внатрешни работи Прити Пател ја потврди одлуката за екстрадиција, интензивирајќи ја правната битка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın