Emre Aytekin
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
КАРАКАС (АА) – Поранешниот претседател на партијата Волунтад, Леополдо Лопез, кој беше пуштен од домашен притвор, со обидот за државен удар од страна на претседателот на Собранието, Хуан Гваидо, најде засолниште во Амбасадата на Шпанија во Каракас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од шпанската Влада се истакнува дека поранешниот лидер на опозицијата, Лопез, заедно со неговото семејство синоќа во доцните часови пристигнале во Амбасадата.
Од друга страна, чилеанскиот министер за надворешни работи, Роберто Ампуеро, во изјавата дадена преку својот профил на Твитер истакна дека Лопез и неговото семејство откако побарале азил од нив, одлучиле да одат во Амбасадата на Шпанија во Каракас.
„Со оглед на тоа што Лопез и неговото семејство во моментот веќе беа гости на чилеанската Амбасада, одењето во шпанската Амбасада е нивна лична одлука“, нагласи Ампуеро.
- Обидот за државен удар -
Претседателот на Собранието, Хуан Гваидо, кој на 23 јануари се самопрогласи за претседател на државата, со 3-минутното видео што го објави на социјалната мрежа Твитер ја повика Војската и народот да излезат на улица.
Видеото што го сними околу воздухопловната база „Ла Карлота“ во Каракас со група војници до него, Гваидо го објави на Твитер. Беше соопштено дека некои воени единици ги затвориле патиштата, и дека во некои улици се забележани воени возила.
Венецуелскиот министер за одбрана, Владимир Падрино Лопез, истакнувајќи дека ќе го спречат обидот за државен удар, рече: „Ние како вооружени сили положивме заклетва дека ќе го штитиме уставниот поредок. Ние сме будни пред предавничкиот обид за државен удар. Во воените единици нема невообичаена состојба, сите се на располагање на своите командири“.
Американската администрација со изјавите даде целосна поддршка за обидот за државен удар на Гуаидо и неговите поддржувачи.