Ekipa
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија ќе санкционира 178 лица, имајќи ги за цел оние што ги поддржуваат сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова преку соопштение го потврди британското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се вели дека овие санкции се координираат со Европската Унија (ЕУ).
Руско-украинската војна предизвика меѓународен гнев, при што ЕУ, САД и Велика Британија, меѓу другите, имплементираа строги финансиски санкции кон Москва.
Најмалку 1.892 цивили се убиени и 2.558 повредени во Украина откако Русија ја започна војната против својот сосед на 24 февруари, според проценките на ОН, а се верува дека вистинската бројка е многу поголема.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 4,24 милиони Украинци побегнале во други земји, а уште милиони се внатрешно раселени.