Велика Британија: Напад со нож во воз, 10 повредени, од кои 9 критично, полицијата приведе две лица
- Британската полиција за транспорт соопшти дека работи на утврдување на причината којашто го предизвикало нападот доцна синоќа во возот кој се обраќал на релацијата Донкастер - Лондон Кингс Крос и истакна дека засега нема индикации за тероризам
ЛОНДОН (АА) - Двајца британски државјани се приведени поради напад со нож во воз во кој беа повредени 10 лица, од кои 9 се во критична состојба, потврди британската полиција денес, соопштувајќи дека нема индиции за терористичи акт, известува Анадолу.
Британската полиција за транспорт, која ја води истрагата, на новинарите им соопшти дека осомничените - 32-годишен црнец Британец и 35-годишен британски државјанин од карипско потекло - се приведени под сомнение за обид за убиство.
Полицијата истакна дека во оваа фаза од истрагата „ништо не укажува“ на тоа дека инцидентот е поврзан со тероризам.
Британската полиција за транспорт информираше дека продолжува да работи на утврдување на причината којашто довела до нападот, кој се случи доцна синоќа во возот на релацијата Донкастер - Лондон Кингс Крос.
Очевидци за Би-Би-Си изјавиле дека маж со крвава рака бил виден како трча низ вагон извикувајќи: „Тие имаат нож“, додека друг сведок рекол дека видел како полицијата употребила електричен пиштол.
Премиерот Кир Стармер нападот го опиша како „длабоко загрижувачки“ и ја повика јавноста да ги следи упатствата дадени од локалните власти.
„Моите мисли се со сите засегнати и мојата благодарност оди до службите за итни случаи за нивниот одговор“, напиша Стармер на американската компанија за социјални медиуми X.
Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека била длабоко тажна кога слушнала за нападот.
„Ги повикувам луѓето да избегнуваат коментари и шпекулации во оваа рана фаза“, напиша таа на X.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
