свет

Велигденската ноќ на грчки Хиос мина со традиционалната „војна со ракети“

Заедниците на црквите Свети Маркос и Панагија Еритиани лансираа илјадници рачно изработени ракети едни кон други врз меѓусебните камбанарии, создавајќи спектакуларна глетка за присутните

Elena Trenchevska Chekovic  | 20.04.2025 - Обновена : 22.04.2025
Велигденската ноќ на грчки Хиос мина со традиционалната „војна со ракети“ Фото: Lokman İlhan/АА

СКОПЈЕ (АА) - Црквите Свети Маркос и Панагија Еритиани, на грчкиот остров Хиос, синоќа на Велика сабота беа домаќини на голем број посетители, јавува Анадолу.

Велигденската ноќ на островот беше одбележана со уникатна огнена традиција позната како „Војна со ракети“.

На годишниот традиционален настан во населбата Вронтадос, заедниците на црквите Свети Маркос и Панагија Еритиани лансираа илјадници рачно изработени ракети едни кон други врз меѓусебните камбанарии, создавајќи спектакуларна глетка за присутните.

Како подготовка за настанот, тимовите на градот поставија заштитна жичана мрежа околу објектите во областите каде што требаше да паднат ракетите, додека пожарникарите презедоа дополнителни мерки на претпазливост за да спречат потенцијални пожари.

Малите пожари предизвикани од ракетите беа брзо изгаснати од службите за итни случаи.

Пренесувана низ генерации, оваа долгогодишна традиција продолжува да привлекува голем број луѓе и останува еден од визуелно највпечатливите велигденски обичаи на петтиот по големина остров во Грција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.