Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Речиси 150 лица се повредени за време на протестите на пензионерите, кои излегоа на улиците поради предлогот за ревизија на пензискиот систем, за кој се дебатира во аргентинскиот Конгрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број демонстранти се собраа пред зградата на Конгресот, а полицијата во Буенос Аирес интервенираше со солзавец, гумени куршуми и водени топови.
За време на протестот дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата. Повредени се 149 лица, меѓу кои и полициски службеници, пензионери и новинари. Полицијата приведе 48 лица.
Седумдесетгодишната Кристина Санмеро порача дека немаат никој кој би ги бранел.
„На овие години морав сама да дојдам овде за да ја бранам 30-годишната пензија“, рече Санмеро.
Предлог измените на пензискиот систем се усвоени од страна на Сенатот на оваа земја, а станува збор за уште една мерка преземена од страна на власта на претседателот Маурицио Макри за да се надомест на дефицитот во државниот буџет.
Поради овој предлог, 24-часовен генерален штрајк прогласи и најголемиот аргентински синдикат. Поради штрајкот во Буенос Аирес откажани се стотици летови.