свет

Бројот на заразени лица со Ковид-19 во светот надмина 82.000 лица

Во Кина се откриени 78.497 случаи на овој вирус, додека оваа бројка низ светот надмина 82.000 лица

Zehra Ulucak  | 27.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
Бројот на заразени лица со Ковид-19 во светот надмина 82.000 лица

АНКАРА (АА) - Бројот на лица заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 82.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вкупно 2.801 лице починаа од овој вирус, од кои 2.744 во Кина, 26 во Иран, 13 во Јужна Кореја, 12 во Италија итн.

Во Кина се откриени 78.497 случаи на овој вирус, додека оваа бројка низ светот надмина 82.000 лица.

Бројките на случаи во различни земји во светот се следни:

Јужна Кореја 1595, Јапонија 894, Италија 447, Иран 139, Сингапур 93, САД 60, Тајланд 40, Бахреин 33, Кувајт 26, Австралија 23, Малезија 22, Германија 21, Франција 17, Виетнам 16, Велика Британија 13, Обединети Арапски Емирати 13, Шпанија 12, Канада 12, Ирак 5, Русија 5, Оман 4, Индија 3, Филипини 3, Хрватска 3, Израел 2, Австрија 2, Пакистан 2, Либан 2, Шведска 2, Финска 2, Алжир 1, Непал 1, Шри Ланка 1, Камбоџа 1, Белгија 1, Швајцарија 1, Египет 1, Авганистан 1, Грција 1, Бразил 1, Грузија 1, Северна Македонија 1, Романија 1 и Норвешка 1.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın