свет

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 32.300

„Најмалку 107 Палестинци загинаа, а 176 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“

Mohammad Sıo  | 25.03.2024 - Обновена : 26.03.2024
Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 32.300

ГАЗА (АА) - Најмалку 32.333 Палестинци загинаа во израелската офанзива врз Појасот Газа, што започна од 7 октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство во опколената енклава, пренесува Анадолу.

Министерството истакна дека во нападите повредени се 74.694 Палестинци.

„Најмалку 107 Палестинци загинаа, а 176 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, се наведува во соопштението.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас.

Војната, која влезе во 171. ден, принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетен или уништен, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın