Ali Cura
03 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - Од урнатините на зградата во рускиот град Магнитогорск во која се случи експлозија на природен гас, извлечени се нови тела, со што бројот на загинати во оваа несреќа се искачи на 37 жртви, пренесува Anadolu Agency (AA).
На 31 декември во рускиот град Магнитогорск, во една 10-катница експлодираше гас. Во тек се операции за извлекување на настраданите под урнатините на зградата.
Според соопштението на Министерството за вонредни состојби, под урнатините се пронајдени телата на 37 лица.
На 31 декември, околу 6:00 часот по локално време во рускиот град Магнитогорск се случи експлозија на гас во 10-катница во која се оштетени 48 стана во кои живееле над 100 лица. По 36 часа од експлозијата, под урнатините на зградата живо е извлечено едно 9-месечно бебе.