Nilay Kar
03 Јануари 2019•Ажурирај: 04 Јануари 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Фондацијата „Маариф“ го презеде управувањето со образовните установи кои беа поврзани со терористичката организација ФЕТО во Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Преку соопштение Фондацијата објави дека училиштата на „Pak-Turk Cag Education Foundation“ се предадени на турскиот образовен орган.

Минатиот месец Врховниот суд на Пакистан ѝ наложи на Владата да го прогласи ФЕТО за терористичка организација и пресуди сите училишта поврзани со ФЕТО да ѝ се предадат на Фондацијата „Маариф“.
Турција Фондацијата „Маариф“ ја основа во 2016 година по обидот за државен удар, со цел да го преземе управувањето со училиштата поврзани со ФЕТО во странство. Исто така, нејзината цел е основање училишта и образовни центри надвор од земјата.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251, а беа ранети речиси 2.200 лица.