Ekip
03 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - На интернет-страницата на Меѓународната организација за миграции во врска со проектот на исчезнати мигранти, објавен е извештај, според кој најмалку 376 мигранти починале на американско-мексиканската граница во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според проценетата бројка од Меѓународната организација, меѓу починатите мигранти, 214 се мажи, 20 жени и четири деца. Останатите 138 не e можно да се идентификуваат од нивните останки. Останатите мигранти најверојатно се починати, но нивните останки не се пронајдени.
Големо мнозинство на оние што загинаа се од Америка.
Овие податоци се издадени во периодот на тврдокорниот пристап на Доналд Трамп кон легалните и нелегалните миграции, вклучувајќи ги и острите мерки на прописите за азил.