Fatma Esma Arslan
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
ДАКАР
Бројот на загинати во терористичкиот напад којшто беше извршен вчера во Нигер порасна на 70, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните извори, бројот на загинатите во терористичкиот напад во селата Чомбаногу и Зарумдареје, близу границата со Мали, во чии рамки цел беа цивили, се искачи на 70.
Вчера беше соопштено дека во нападот загинале 56, додека 20 лица биле повредени.
Зоната Тилабери во која се наоѓаат и овие села, од 2017 година досега се таргетира од страна на терористичките организации лоцирани во Мали.
Претходно беше соопштена вонредна состојба поради нападите кои често се случуваа.